Португалија стигна до првите бодови на континеталниот собир во Полска и Украина, откако на најтежок можен начин ги освои трите бода. Имаа “европските бразилци“ предност, а згора на тоа две стонастотни прилики од ситуации од кои потешко беше да се промаши, Но португалскиот капитен, го правеше невозможното.


– Лут сум на себе. Беа тоа неверојатни промашувања, поготово она второто. Сепак најважно е што победивме, па моите промашувања веројатно ќе се заборават  – рече Роналдо.

Роналдо исто така рече :  – Се се` врти во круг. Против Германија немавме среќа па изгубивме. Денес имавме среќа и победивме.

Во последната рунда Португалија игра против Холандија. Португалците имаат три бода, додека “лалињата“ се сеуште без бод на турнирот.

М.П.