На првиот натпревар од неделната програма Реал Мадрид забележа “покер“ победа над Гетафе 4-0, а стрелец на три голови беше Кристијано Роналдо.  Аргентинецот во дресот на Барселона, Лионел Меси возврати со четири погодици во триумфот на “блауграната“ од 5-1 против Осасуна.


Со четири голови во мрежата на Осасуна, Меси стигна до неверојатни 33 голови во досегашниот тек од шампионатот, наспроти Роналдо кој има 21 погодок.

Резултати : Реал Мадрид – Гетафе 4-0, Рајо Ваљекано – Бетис 3-0, Барселона – Осасуна 5-1, Мајорка – Малага 2-3, Атлетик Билбао – Атлетико Мадрид 3-0.

Табела : Барселона 58 бодови, Атлетико Мадрид 47, Реал Мадрид 43. . .

Мх.П.