Спортскиот директор на Формула 1, Рос Браун ќе остане на функцијата. Браун потпиша нов договор со „Либерти Медиа“ и ќе продолжи да работи како еден од предводниците на тркачката серија.

Браун беше еден од тројцата директори назначени од „Либерти“ да го замени Берни Еклстоун по купувањето во Формула 1 – и во моментов е единствениот што продолжува да работи.

Многу ме интересираат задачите со кои се соочуваме во моментот. И, би бил вознемирен ако не добијам можност да видам нови автомобили на дело. И со доаѓањето на Стефано Доменикали, можеме да ја продолжиме нашата соработка. Размислувам и за тешкотиите со кои се соочи Формула 1 поради пандемијата – сето ова ми дава мотив и желба да продолжам, истакна Браун.

Шон Братчес, назначен комерцијален директор на Ф1, се повлече од функцијата пред една година, а шефот на Ф1, Чејс Кери му го отстапи своето место на Стефано Доменикали на 1 јануари 2021 година.

OhridNews