“Аха разбрав, овие во бело се Реал Мадрид, не Новара“. “Зошто го продадовме Тиаго Мота“, “Замената Ето – Форлан, е како онаа Роберто Карлос – Пистоне“ – критикуваше пилотот на Дукати, Валентино Роси.
Интер по заминувањето на Мурињо никако да ја пронајде вистинската формула и да се врати на победничките патеки. По ерата на контраверзниот португалец, на клупата на Интер се сменаа Бенитес, Леонардо, Гасперини, а последните резултати не одат во прилог ниту на Клаудио Раниери.