– Тешко ми е што вака се збогувам со Фиренца. Има нешто што сакам да кажам, а другото ќе го задржам за себе. Жалам за инцидентот на мечот со Новара, му се извинувам на Љајиќ, публиката и клубот – истакна Делио Роси и додаде. Никогаш не сум нападнал и реагирал така бурно. Реагирав поради што бев навреден. Тие се линии кои не треба да се преминат, и неможев да останам нем на тоа.
Таквиот испад Делио Роси, го чинеше отказ од Фиорентина. Преостанатиот дел од сезоната, Фиорентина ќе ја води Гуерини.
– Испадот мој, скапо го платив. Заработив отказ, а плус и тримесечна суспензија. Понекогаш зборовите можат длабоко да допрат, како што неможе никој – заврши Делио Роси.
На две кола до крајот во Серија А, Фиорентина има 42 бода. Еден бод им е потребен да го обезбедат опстанок во “Калчо Лигата“.