Најтрофејниот италијански клуб во Европа, Милан експресно ги реши дилемите околу тренеската позиција назначувајќи го Стефано Пиоли за нов предводник на фудбалерите.

Пиоли на позиција тренер доаѓа на местото од Марко Џампаоло, кој вчера доби карта во еден правец од Милан. Пиоли со клубот од Сан Сиро потпиша договор на две сезони со неколку клаузули. 53-годишниот стратег ќе има бонус од 500 000 евра ако Милан се пласира во европските купови, во спротивно двете страни ќе седнат на маса за нови преговори и намалување на платата.

Пиоли во кариерата ги има водено Фиорентина и Лацио по две сезони, а една сезона има поминато и во Интер. Кариерата ја почнал во Салернитана.

Новиот тренер поради репрезентативни обврски ќе има повеќе од недела дена да ја подготви екипата за дебито против Лече на стадионот „Сан Сиро“.

OhridNews