Екипата на Милан го претрпе првиот неуспех на трансфер пазарот, откако извиси во трката за потписот на Жерар Делофеу, кој се врати на Ноу Камп.

Делофеу како позајмен фудбалер од Евертон играше во Милан, а каталонците ја искористија клаузулата во договорот со „карамелите“. По трансферот од Шпанија во Англија двата клубови имаа договор, во кој стои дека Барселона може да го врати Делофеу за двојна поголема сума од трансферот.

Во случајов шпанскиот вицепрвак за услугите на Делофеу плати 12 милиони евра или дупло од сумата која Евертон ја издвои за предводникот на У21 селекција на Шпанија.

Шпанските медиуми пишуваат дека Барселона иако го врати во своите редови Делофеу подготвена е да го продаде ако стигне примамлива понуда за него, што значи дека за Милан се уште постои шанса да го ангажира Шпанецот, кој во 18 меча постигна четири погодоци.

OhridNews