Италијанскиот стратег Стефано Пиоли и следната сезона ќе биде тренер на Милан откако потпиша нов едногодишен договор со клубот од „Сан Сиро“.

„Росонерите“ информацијата за продолжување на соработката со 54-годишниот стратег ја објавија веднаш после гостинската победа над Сасуоло 2-1. „Миланезите“ од рестарот на сезоната во Серија А забелажаа седум победи во девет натпревари и се искачија на петтото место на табелата.

Оваа одлука не се темели на победите од рестартот на сезоната, туку на работата на Пиоли од неговото доаѓање. Тој изгради добар тимски дух во екипата и ги зближи играчите. Пиоли покажа дека може да го следи трендот во фудбалот и Милан може да напредува. – рече претседател на Управниот одбор на Милан, Иван Газидис.

Пиоли на позицијата тренер во Милан дојде во октомври минатата година после отказот на Марко Џампаоло.

Среќен и горд сум што добив понуда за нова соработка со Милан. Сакам да им се заблагодарам на сите, вклучувајќи и ншите навивачи, кои ни недостигаат на стадионот, но секогаш се чувствува нивната поддршка. Се наоѓаме на почетокот од инзводреден проект. Ако продолжиме во исто ритам ќе напредуваме и ќе бидеме уште посреќни и ќе се бориме за поголеми успеси. – изјави Пиоло.

Тренерската кариера Пиоли започнала во Салернитана а продолжила во Модена, Парма, Гросето, Пјачанца, Сасуоло, Киево, Палермо, Болоња, Лацио, Интер и Фиорентина.

OhridNews