Составот на Милан закажа дуел со Јувентус во полуфиналето од Купот на Италија, откако во 1/4 финалето на домашен терен со 4-2 после продолжение од 30 минути го совлада тимот на Торино.

„Росонерите“ имаа водство 1-0 со голот на Бонавентура, но гостите со двата погодоци на Бремер го свртеа резултатот во своја полза. Милан егал 2-2 обезбеди со голот на Чаланоглу во 90-та минута. Во продолжението, Чаланоглу со нов гол донесе водство 3-2, а печат стави Ибрахимовиќ со погодокот за 4-2.

Милан е третиот полуфиналист. Четвртиот клуб кој ќе заокружи најдобрите во Купот на Италија ќе биде победникот од средбата Интер – Фиорентина.

OhridNews