Долгогодишниот столб на одбраната на “росонерите“ Алесандро Неста на крајот на сезоната најави пензионирање. Договорот со Милан му завршува на истекот на оваа сезона а  конечната одлкука  за повлекување од активнито играње фудбал Неста ќе ја донесе по завршување на тековната а има опција да собере сили да “скрпи“ уште година во дресот на Милан.


–    Дојдов до самиот крај, не сакам да дојдам до ситуација да се влечам по теренот и да ме исмејуваат. На крајот од сезоната ќе ја проценам мојата здраствена ситуација и ќе одлучам  за мојата иднина – смета поранешниот репрезентативец на Италија, Алесендро Неста.


Оваа сезона Милан остана во трка за “скудетото“ и “копа ди Италија“ во Серија А се лидери на табелата а  за едно коло на прогрмата е големото градско дерби со Интер.  Играњето во Лигата на Шампиони многу исрцпува, за нас пресудно е да го добиеме градското дерби.


Тандемот од соништата во дресот на “азурите“ Неста и Канаваро.

Мх.П.