Ротаракт Клубот Охрид, со пригодна свеченост која се одржа во кафе барот Ликвид, го прослави добиениот чартер за работа од јуни оваа година.

На свеченоста присуствуваа бордот и членови на Ротари Клубот од Охрид , претставници од сојузот на Ротаракт Клубови на Македонија , бордот и членовите на Ротари и Ротаракт Клубови од Скопје, Битола и Прилеп,  претставници од повеќе организации.


– Успешно обработените проекти, се само мал почеток, но силен вовед во нашата мисија за развиток преку пријателството и служењето на заедницата, што е и мотото на Ротаракт клубот. Сакам да најавам дека во иднина ќе има многу интересни проекти на кои очекуваме соработка со сите вас, со што ќе го поттикнеме развитокот, социјализацијата и интеграцијата на младите во нашата заедница, им се обрати на присутните претседателот на Ротаракт клубот- Охрид, Драган Здравески.


Ротаракт Клубот Охрид е формиран пред една година. Тогаш беше оформено  јадрото на клубот, а се избра и негово раководство. Клубот со реализирање на проекти започна од април оваа година. До сега се реализирани четири проекти- посета на пациентите во Одделението за геријатрија во охридската Општа болница, уредувањето и цртањето на фасадата од Музичкото училиште , едукацијата на првооделенците за основните сообраќајни правила, бојадисувањето на охридската куќа на градското пристаниште.

Како што информираат од Ротаракт клубот, воспоставени се врски со сите Ротари и Ротаракт клубови ширум земјата и во околните држави, а во иднина се предвидени разновидни проекти со кои ќе се придонесе за доброто на заедницата.

OhridNews