Ротари клуб Охрид  ќе донира медицинска опрема за потребите на одделението педијатрија при Општата болница.

Станува збор за ЕХО апарат со две сонди(кариолошка и педијатриска), ЕКГ, микроскоп, пулсоксиметар, спирометар, инфузомати, оксигенометар и инхалатор.

Донацијата е резултат на меѓусебната успешна соработка. Во тек се сите законски постапки за набавување на опремата со која во голема мера ќе се подобрат условите на давање на здравствени услуги кај децата, вели директорот на Општа болница, д- р Љубен Арнаудов.
 
Вредноста на донираната медицинска опрема е 45.519 евра.

OhridNews