Делови од Охрид и најпрометната градска сообраќајница деновиве се раскопани поради изведување градежни работи. Како што информираат од локалната самоуправа на барање на ЕВН заради осовременување на електричната мрежа одобрено е поставување на електрични кабли од 110-ката до старата автобуска. Работите на прекоп и поставување кабли ги изведуваат екипи ангажирани од ЕВН, а според одлуките кои го регулираат комуналниот ред во општината, изведувачот е должен по завршување на одобрениот зафат да ги врати тротоарите (и површините) каде се изведуваат работите во првобитна состојба, соопшти локалната самоуправа.
Фото: Васко Бујароски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com