Фудбалерите на Вардар во втората рунда во групната фаза во Лигата на Европа силите ќе ги одмерат со најтрофејниот клуб од Норвешка, Розенборг.

Двете екипи имаа непосакуван почеток на мечевите во фазата по групи во Лигата на Европа претрпувајќи убедливи порази. Норвежаните поради искуството кое го имаат и домашниот терен се фаворити, но „црвените црните“ ќе атакуваат на првиот бод на табелата.

– Знаеме против каков противник играме. Розенборг добро е анализран од наша страна. Во своите редови има добри играчи, поединци, пред сè, тука најпознат е Бендтнер, кој има огромно искуство со репрезентацијата и со настапите во силните првенства во Европа. Тоа што успеаја да го елиминираат Ајакс во Лига Европа доволно кажува за нашиот противник. Меѓутоа, ние сме подготвени да дадеме максимум на теренот, да се преставиме во добро светло и се надевам дека гледачите што ќе дојдат утре на стадионот на Розенборг ќе имаат можност да гледаат еден добар натпревар на два тима што ќе сакаат да освојуваат бодови во групата. Ние имаме желба за добар резултат и се надевам дека ќе го оствариме утре на теренот тука во Трондхајм. – изјави Глигоров.

Розенборг е изразит според спортските обложувалници. За триумф на норвежаните коефициентот изнесува 1.5, за реми во Трондхајм коефициентот е 4.75, додека за победа на Вардар достигнува дури 7. 

– Имаме респект за нашиот противник, затоа што има огромно искуство со европски натпревари. Но, ние веруваме во нашиот квалитет и веруваме дека можеме да стигнеме до позитивен резултат. Не би сакал никого да издвојам од противничката екипа, бидејќи тие се добри како колектив. Ги гледавме неколку пати оваа сезона, направивме добра анализа. Подготвени сме да се надигруваме со противникот. Сите го знаеме Бендтнер кој што има играно во големи клубови, има многу вакви натпревари, но исто така Розенборг е екипа која што поседува одлични играчи во средината на теренот. Не можам да кажам дека сигурно ќе победиме, тоа е тешко да се каже особено на вакви натпревари, но дојдовме тука да одиграме добар натпревар, и се наевам дека тоа ќе ни донесе позитивен резултат. И ние и Розенборг имавме лош старт во групната фаза од Лигата на Европа, и сега на некој начин двата тима ги посакуваме првите бодови. – истакна тренерот на Вардар, Чеде Јаневски.

Натпреварот се игра во 19 часот.

Двојки:

Група А: Астана – Славија Прага (17ч), Макаби Тел Авив – Виљареал

Табела: Виљареал 3, Славија Прага 3, Макаби Тел Авив, Астана

Група Б: Партизан – Динамо Киев, Скендербег – Јанг Бојс

Табела: Динамо Киев 3, Партизан 1, Јанг Бојс 1, Скендербег 0

Група Ц: Брага – Истанбул Башекшехир, Лудогорец – Хофенхајм

Табела: Брага 3, Лудогорец 1, Истанбул Башекшехир 1, Хофенхајм 0

Група Д: Милан – Ријека, АЕК Атина – Австрија Виена

Табела: Милан 3, АЕК 3, Ријека 0, Австрија Виена 0

Група Е: Евертон – Аполон Лимасол, Лион – Аталанта

Табела: Аталанта 3, Аполон Лимасол 1, Лион 1, Евертон 0

Група Ф: Шериф – Копенхаген, Локомотив Москва – Жлин

Табела: Копенхаген 1, Шериф 1, Локомотив Москва 1, Жлин 1

Група Г: Лугано – ФЦСБ (Стеауа), Викторија Плзен – Хаполе Беер Шева

Табела: ФЦСБ (Стеауа) 3, Хапоерл Беер Шева 3, Лугано 0, Викторија Плзен 0

Група Х: Бате Борисов – Арсенал, Келн – Црвена Ѕвезда

Табела: Арсенал 3, Бате Борисов 1, Црвена Ѕвезда 1, Келн 0

Група И: Коњаспорт – Виторија, Салзбург – Олимпик Марсеј

Табела: Олимпик Марсеј 3, Салзбург 1, Виторија 1, Коњаспорт 0

Група Ј: Атлетик Билбао – Зорија, Остерсундс – Херта

Табела: Остерсундс 3, Атлетик Билбао 1, Херта 1, Зорија 0

Група К: Лацио – Зулте Варегем, Ница – Витесе

Табела: Ница 3, Лацио 3, Зулте Варегем 0, Витесе 0

Група Л: Розенборг – Вардар, Зенит – Реал Сосиедад

Табела: Зенит 3, Реал Сосиедад 3, Вардар, Розенборг

OhridNews