Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), до сите учесници во сообраќајот, апелира на внимателно возење за време на Велигденските празници:

–    возете одговорно и почитувајте ги сообраќајните правила и прописи
–    почитувајте ја поставената сообраќајна сигнализација, и посебно внимавајте на патните правци каде што има можност од одрони или се вршат градежни работи на патот
–    не управувајте со моторно возило ако сте под дејство на алкохол, макар и со испиена една чашка-две и
–    почитувајте ги правилата за ограничување на брзината

Да не дозволиме спокојството и мирот од овие прекрасни празници да се претворат во нечија семејна трагедија само како последица на нечија грешка, погрешна одлука, нетрпеливост, непромисленост, желба за докажување, итн., велат од РСБСП.

РСБСП посебен апел упатува до младите возачи, како најранлива категорија учесници во сообраќајот, трезвено и одговорно да учествуваат во сообраќајот бидејќи само така ќе пристигнат безбедно на саканата десинација. „Совесното учество во сообраќајот е одраз на одговорни и стабилни лица и затоа уште еднаш апелирам за младост без лудост, за одговорно и внимателно учество во сообраќајот затоа што сообраќајот не е игра, а последиците и загубите од сообраќајните незгоди се фатални, трајни и ненадоместливи“–потенцира претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Стојче Стаменковски.

Оние кои одлучиле да отпатуваат на подалечна дестинација, РСБСП ги советува  адолжително да го испланираат го своето патување, да направат техничка проверка на возилото и
да патуваат одморени и концентрирани.

Праксата покажува дека за продолжените викенди сообраќајниот метеж го отежнува возењето, но бидете толерантни и трпеливи, не престигнувајте непрописно, држете безбедно растојание и избегнувајте слалом возење, порачуваат од РСБСП.

OhridNews