РСБСП им препорачува и ги советува возачите, пешаците и останатите учесници во сообраќајот, секогаш да бидат концентрирани и внимателно да ги следат случувањата во сообраќајот. Моментот на одвлечено внимание може да биде кобен и да заврши со смртни последици или со тешки последици по здравјето на учесниците во сообраќајот.

Во Република Македонија не постои прецизна статистика за тоа колкав процент од сообраќајните незгоди се случуваат поради одвлечено внимание кај возачите, но во Австралија тој процент изнесува околу 11% од сообраќајните незгоди, а во САД околу 25% од сообраќајните незгоди.

РСБСП со апел до учесниците во сообраќајот: Оставете ги мобилните телефони додека учествувате во сообраќајот, бидете внимателни, фокусирани и концентрирани, следете ги внимателно случувањата во сообраќајот и почитувајте ги сообраќајните правила и прописи и почитувајте ја сообраќајната сигнализација.

OhridNews