Кампања „Вози трезен, стигни жив“ ќе се реалира во текот на летото, поради зголемениот број на млади лица кои управуваат со автомобил во алкохолизирана состојба, најави денеска Републички совет за безбедност во сообраќајот (РСБСП), јавува „Макфакс“.

Претсетдателот на РСБСП Стојче Стаменковски информираше дека за потребите на новата кампања „Вози трезен, стигни жив“ се подоготвени шест различни дизајни на летоци кои ќе се делат на популарни места за излегување на младите, во кафулиња и дискотеки.

“Подготвивме и плакати и налепници со истата содржина, а се планира и доброволно алкотестирање низ сите локации по кое тестирање симболично ќе добијат црвен или зелен картон за возење во зависност од резултатите на алкотестот“, рече Стаменковски.

Предвидено е кампањата да трае цело лето и да ја покрие целата популација на млади учесници во сообраќајот. За разлика од другите кампањи ова ќе биде теренска кампања преки која ќе се советуваат младите лица таму каде што најчесто ја прават грешката, таму каде што најчесто го конзумираат алкохолот.

OhridNews
извор:„Макфакс“