Деновиве во Охрид, престојуваше екипа на Радио телевизија Србија која снимаше серијал емисии со наслов „Гастрономад“. Емисијата има за цел прикажување на традиционалните рецепти кои ги нуди Охрид и регионот низ призма на историјата, традицијата и културата, како и запознавање со културно – историските знаменитости во Охрид.

Се снимија осум емисии кои во наредниот период ќе бидат емитувани на првиот и на сателитскиот канал на РТС . Емисијата „Гастрономад“ пред српската јавност се прикажува континуирано веќе шест години.

OhridNews