Поранешниот фудбалер на ПСВ, Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, холанѓанецот Руд ван Нистерлој е добинтик на наградата најдобар голгетер на деценијата (2000-2010 година). Холандската машина за голови на официјални натпревари кои се под капата на ФИФА има постигнато 86 погодоци, еден повеќе од французинот Анри и три повеќе од Дидер Дрогба. 

35-годишниот напаѓач моментално ги брани боите на шпанската Малага откако имаше неусшешна авантура во германската Бундес Лига, во дресот на Хамбургер. 
Мх.П.