Бакулески одлично го проигра Реџеп кој прво се ослободи од еден фудбалер а потоа беше соборен во казнетиот простор, главниот судија Митрески не се двоумеше и покажа на белата точка. Сигурен егзекутор на пеналот беше Меди. Охриѓани поголемиот дел мечот го одиграа со фудбалер помалку откако во 18-та минута од првиот дел престрого беше исклучен Китрозоски.
Руфеја во вториот период од мечот притисна со сите расположлива срества. Охридскиот бедем пред голот на Трајаноски издржа до 50-та минута. Левиот бек на гостите, Алија од втор план прими топка, ја прошиша охридската одбрана, нафрли прецизно а на Сулај му преостана само да ја затресе празната противничка мрежа.
Во 63-та минута гостите го комплетираа пресвртот. По една слична акција како за првиот погодок, улогите ги сменаа Нафија кој одлично го проигра Идризи тој непречен од никого по втор ја затресе мрежата на охриѓани. Во 70-та минута од натпреварот со вториот погодок на мечот Сулај стави печат на победата и ја продолжи црната серија на “рибарите“.
Во четвртата рунда од втората македонска фудбалска лига “рибарите“ гостуваат кај Гостивар.