Високата мода од Њујорк и Париз, доаѓа во Охрид во „Румор“ шоп – единствениот мулти бренд во регионот, кој со работа почнува денеска.

Ексклузивно во „Румор“ ќе може да најдете модни парчиња креирани од светски познати модни креатори: Ристо/Париз, Монографи /Париз, СЕВ/Париз, Елла/Исланд и Џуми Лим – We are owls NewYork/Њујорк. Нивните уникатни креацииа ќе се продаваат по цени прикладни за македонскиот пазар, што „Румор“ го прави неоддолив моден избор. 

Покрај ова, „Румор“ стартува и сопствена колекција „Rumor“, која ќе се произведува во Охрид со висококвалитетни материјали специјално изработени во Италија. 

Она што „Румор“ го прави посебен е и соработката со млади талентирани уметници кои ќе креираат уникатни модни детали. Мартина (Dream filigree) искреира накит од филигран, Драган „Книговез“ изработи уникатни новчаници, а Јованка Сион Доленц рачно изработи специјални миризливи свеќи за секој хороскопски знак посебно. Секоја од нив може да гори испуштајќи убава арома околу 20 часа. 

-Во иднина повремено ќе соработуваме со наши уметници и дизајнери и ќе ги афирмираме младите кои ќе понудат сопствена квалитена идеја и производи, кои ќе се продаваат кај нас. – велат од „Румор“. 

Во „Румор“ ќе има и „home“ катче каде ќе се продаваат рачно плетени перници кои ги дизајнираше младата Ирма Гогова, како и многу други изненадувања. Во ексклузивната модна продавница ќе се продаваат и рачно плетени производи. 

Заштитниот знак на „Румор“ е врапче. Тоа симболизира глас(ина) – гласник и тесно е поврзано со традициите и верувањата во Охридскиот регион. Овој пат гласникот во Охрид слета како моден детаљ на уникатните производи на „Румор“.

Зад „Румор“ стојат две исклучително талентирани личности од светот на модата во Охрид и пријатели од детството, Лејла Гогова и Алек Бимбилоски. Тие се долги години во модниот бизнис, а „Румор“ е нивна голема заедничка желба од детството. Нивниот детски сон сега станува реалност на задоволство на охриѓани на кои отсега ќе им биде достапна високата мода. 

„Румор“ е лоциран на булеварот „Туристичка“ во зградата „Печијаре“ веднаш до здравствената ординација „Дарон“.

OhridNews