Манчестер Јунајтед со триумфот од 2-1 во дербито над Ливерпул ја продолжи одисејата во одбраната на трофејот во Премиер Лигата. Стрелец на двата погодоци за “црвените ѓаволи“ беше “детото“ на Евертон, Вејн Руни додека почесниот погодок за Ливерпул го постигна уругваецот Луис Суарез.

Чуството е неописливо да се постигне гол и да го победите Ливерпул. Сигурен сум дека и навивачите се на мојот поранешн клуб Евертон се гордеат со моите погодоци против ривалот од “Мерсисајд“ – потенцираше Вејн Руни.

Голгеторот на Манчестер Јунајтед, Руни се осврна на дуелот помеѓу Суарез и Евра кои не се поздравија пред почетокот на натпреварот. Тој проблем им припаѓа нив двајца, и сами нека си го решаваат. Ние сме професионалци, и мислам дека добро си ја завршивме работата на мечот со Ливерпул.

Манчестер Јунајтед е на врвот на табелата во Премиер Лигата, но конкурентот за титулата Манчестер Сити има натпревар помалку, а ќе се сретне со Астон Вила.

Мх.П.