Англија во последното од групната фаза ја очекува пеколен дуел против Украина. На домаќинот на ЕП му одговара само победа додека Англија и со бод ќе се пласира во 1/4 финалето. Во составот на англиската репрезентација се враќа напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни кој ја одлежа суспензијата од два меча.


Да, погрешив на мечот против Црна Гора, но се извинив многу пати за инцидентот. Мојот непромислен потег си го платив со неиграње од два меча и сега ќе гризам на теренот. Спремен сум и одвај го чекам натпреварот против Украина – потенцираше повратникот во селекцијата Вејн Руни.

Англија против себе освен фудбалерите на Украина ќе ја има и публиката во Киев. Англиската телевизија BBC пред почетокот на ЕП изваде документарец на кој ги алармираше навивачите да бида внимателни.


– Сите ние во Англија сме навикнати да играме на (не)пријателска атмосфера. Но, не се плашиме гостувавме и во Турција па преживеавме. Имам посебен мотив денеска бидејќи ако бев казнет три меча немаше воопшто да патувам на Европското првенство – истакна Руни.

Англија моментално се наоѓа на втората позиција со четири бодови исто колку и Франција.

Мх.П.