Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни ги критикуваше своите соиграчи од дефанзивата за слабата претстава во градската пресметка која „ѓаволите“ ја загубија со 4-1. Поразот од „граѓаните“ е втор за Манчестер Јунајтед во петтиот натпревар сезонава.
– Било каков пораз од Манчестер Сити не е добар, а не како што загубивме ние со 4-1. Начинот на кој ги примивме погодоците беше недопуслтив, а исто така и тајминог. Во минатото се случуваше да се вратиме после негатива, но овој пат немавме сила за таков подвиг – рече Руни.
Англискиот репрезентативец беше најсветлата точка во екипата на Јунајтед. Токму тој беше стрелец на почесниот погодок кој го постигна од слободен удар во финишот на мечот.
Насмевката на лицата на навивачите фудбалерите можат да ја вратат уште в среда кога ќе се сретнат со Ливерпул на „Олд Трафорд“ во Лига купот.
Мх.П.