Напаѓачите на Манчестер Јунајтед и Тотенхем, Вејн Руни и Џермејн Дефо во осмото коло го постигнаа јубилејниот 200-ти погодок за нив во Премиер Лигата.


26 годишниот Руни професионалната кариера ја започна пред точно десет години во тимот на Евертон. Тогаш во дресот на “карамелите“ го постигна победничкиот погодок на дуелот со Арсенал. После две сезони минати во првиот тим на Евертон, Руни се пресели во редовите на Манчестер Јунајтед и прерасна во лидер на “новиот“ тим на “црвените ѓаволи“.


Офанзивецот на Тотенхем, Дефо беше стрелец на еден погодок во поразот од Челси 4-2 на Вајт харт Лејн. Дефо кој има 30 години кариера ја започна во Вест Хем. Продолжи на едногодишните позајмици во Портсмут и Бурмаунт. Во 2004 година направи пернаментен трансфер во Тотенхем.

Мх.П.