Вејн Руни на крајот од минатата сезона беше во клинч со Сер Алекс Фергусон, кој потоа се повлече од менаџер на Манчестер Јунајтед. Руни беше на излезни врати од Олд Трафорд поради неразбирањето од Фергусон.

Англискиот репрезентативец не ја исклучува можноста да се префрли во средината од теренот, но на залезот од кариерата.
– Сакам да играм во средината, но сега мислам дека можам повеќе да придонесам во нападот. Кога ќе треба да помогнам на средината јас секогаш ќе бидам тука бидејќи го сакам и уживам во фудбалот – заклучи Руни за англинските медиуми.
Мх.П.










