Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни е лут и разочаран, откако
менаџерот Дејвид Мојес навестил дека за него нема да има место во првиот
тим.

Англиските медиуми, повикувајќи се на извори блиски до клубот,
пренесуваат дека Руни разочараноста и незадоволството му го соопштил на
раководните луѓе на клубот и најавил дека нема намера да му биде резерва
на Ван Перси.

„Доколку од било која причина Ван Перси се повреди, Руни ќе ни биде
потребен.Сакам да имам повеќе опции во нападот“,
рекол Мојес, со што
навестил дека за англискиот репрезентативец нема да има гарантирано
место во стартниот тим.

„Сакам да имам можност да играм со Ван Перси и Руни, но сакам да им давам шанси и на Чичарито и Велбек“, дополнил Мојес.

Вејн Руни во Манчестер Јунајтед се наоѓа веќе девет години, на „Олд
Трафорд“ тој пристигна од Евертон каде менаџер му беше токму Мојес.

Доколку Руни добие дозвола да замине од Манчестер, најсериозен кандидат
за негов трансфер ќе биде Челзи, неколку играчи на овој клуб и менаџерот
Жозе Мурињо истакнале дека Руни би бил идеално засилување.

„Макфакс“