Повратникот во селекцијата на “гордиот албион“ Вејн Руни го постигна победничкиот погодок за Англија на мечот против Украина одигран пред преполниот стадион во Доњецк. Руни ја одлежа суспензијата од два натпревари, која му беше изречена откако заработи црвен картон на последниот квалификациски дуел со Црна Гора.

Поласкани сме од победата, и голот беше на место. Немав постигнато погодок на големо натпреварување подолго време, а ова беше одличен меч да го прекинам тоа.  Го познаваме нашиот квалитет и капацитетот затоа почнавме малку бавно. Но од минута во минута полека се отпуштавме и добро го завршивме првиот дел, а уште подобро продолживме во вториот – потенцираше Вејн Руни.

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни кратко се осврна на 1/4 финалниот дуел со Италија кој на програмата е во недела.

Ќе имаме неколку денови одмор повеќе, ќе се вратиме свежи по исцрпувачкиот меч со Украина. Ќе биде тешко со Италија, мора да веруваме во себе и да се справиме со сите предизвици на ЕП – истакна Руни. 

Мх.П.