Вејн Руни и новиот менаџер на „црвените ѓаволи“ Дејвид Мојс се далеку од договор за останување на англинскиот репрезентативец на „Олд Трафорд“.


Напаѓачот му поставил ултиматум на Манчестер Јунајтед јавно да ги демантира обвинувањата пред крајот на сезоната од Сер Алекс Фергусон дека сака да го напушти клубот.

Ваквото барање на Руни за демант на шпекулациите е невозможно бидејќи Фергусон иако ја напушти менаџерската позиција тој остана во клубот и иднината на Руни на „Олд Трафорд“ е доведена под знак прашалник.

Англичанецот во дресот на Манчестер Јунајтед се пресели од Евертон во 2004 година по успешниот настап на Европското првенство во Португалија.

Од тогаш Руни стигна до пет титули во Премиер лигата, две во Лига и Супер купот, една во Лигата на Шампиони и Светското клупско првенство.

Мх.П.