Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер го потврди интересот за ангажман на Вејн Руни. Напаѓачот пред завршување на сезоната во Премиер лигата побара од Сер Алекс Фергусон да го напушти клубот, но тој експресно го одби барањето на англискиот репрезентативец.

Односот меѓу Руни и Манчестер Јунајтед е на статус кво, а тоа сака да го искористи Арсен Венгер и да го доведе на „Емирати“.

По пристигнувањето на Дејвид Мојс на Олд Трафорд истакна дека прва задача ќе му биде да го задржи Руни во екипата.

Напаѓачот на “црвените ѓаволи“ и во 2010 година сакаше да го напушти клубот, но тогаш се се заврши со потпишување на нов договор, а каква ќе биде судбината Руни овој пат ќе покаже времето.

Мх.П.