Капитенот на „ѓаволите“ Вејн Руни беше двоен стрелец во триумфот над Сандерленд (2-0) во 25-та рунда на Олд Трафорд.


Со двата голови Руни стигна до 11-от сезонава и стана рекордер во Премиер лигата откако десет сезони по ред постигнува над десет или повеќе голови.

– Многу добро е чувството кога постигнуваш голови, но трите бодови од овој меч се многу значајни. „Колку толку“ со оваа победа се извадовме за киксот од претходното коло на гостувањето кај Свонси. Борбата продолжува и никако не смееме да се задоволиме со еден триумф. – рече Руни.

Во следното 26-то коло во најсилната англиска лига Манчестер гостува во Њукасл кај истоимената екипа.

Мх.П.