Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни (26) ќе отсуствува од терените во наредните два месеци. Руни кој се повреди во финишот на мечот против Фулам по ударот на Уго Родалега ќе пропушти дури 14 натпревари.

Популарниот “Шрек“ ќе ги пропушти квалификациите за Светското првенство 2014, кои Англија ги игра против Молдавија  и Украина, првите три меча од Лигата на шампиони, како и големи мечеви од Премиер лигата против Ливерпул, Њукасл, Челзи.