Русија од 1 март на половина година ќе го забрани извозот на бензини, изјави портпаролката на Александар Новак, вицепремиер задолжен за надзор на енергетскиот сектор во земјата.

Русија усвои слична забрана и меѓу септември и ноември минатата година за да се справи со високите домашни цени и недостигот од горива.
Само четири земји беа изземени – Белорусија, Казахстан, Ерменија и Киргистан, кои некогаш беа дел од Советскиот Сојуз и сега ја формираат Евроазиската економска унија. Овие четири земји треба повторно да бидат изземени, заедно со Монголија, Узбекистан и двата отцепени региони на Грузија поддржани од Русија – Јужна Осетија и Абхазија.
OhridNews










