Русија се повлече од мировните преговори со Јапонија и ги замрзна заедничките економски проекти околу спорните Курилски Oстрови поради санкциите што и ги воведе Токио поради Украина, што предизвика реакција од Јапонија.

Во сегашните околности, Русија нема намера да ги продолжи преговорите со Јапонија за мировен договор, соопшти руското Министерство за надворешни работи, наведувајќи ги „отворено непријателските ставови“ на Јапонија и обидите да се „наштети на интересите на земјата“.

Минатата недела Јапонија ги објави плановите за укинување на трговскиот статус на најповолна нација на Русија, проширување на опсегот на замрзнување на имотот на руската елита и забрана за увоз на одредени производи.
Лани, претседателот Владимир Путин рече дека и Токио и Москва сакаат добри односи и дека е апсурдно што не постигнале мировен договор.
OhridNews











