Руското Министерство за одбрана се огласи за вчерашниот ракетен напад врз Лавов, град на крајниот запад на Украина.

Вооружените сили на Руската Федерација ќе продолжат со офанзивните операции во согласност со специјалната воена операција, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана.
Во соопштението на руското министерство се наведува и дека ракетите со долг дострел истрелани од морето го уништиле арсеналот ракети С-300 и системот за воздушна одбрана БУК во близина на Киев.
Руските сили уништиле и неколку беспилотни летала, тврди Министерството.
OhridNews











