Русите на големо ги откупуваат црешите кои се произведуваат во селата во општина Дебарца, а интерес има и од пазарите од Шпанија и останатите европски држави, објави телевизија „Сител“.

Градоначалникот Игор Трајкоски смета дека со брендирање на црешата која масовно се одгледува во овој регион производот ќе го добие знакот за квалитет.

Производителите се задоволни од пласманот и се надеваат оваа година откупот за странство да биде уште поголем.

Инаку деновиве Дебарца живееше во знакот на црешата. Таму за прв пат се одржа фестивалот Црешнобер, кој има за цел да го афирмира овој производ и каде посетителите на едно место ќе можат да се запознаат со значењето на традицијата и со продуктите кои се негуваат на ова поднебје, а воедно и да уживаат во културно уметничката програма.

OhridNews