Репрезентацијата на Русија со 80-65 ја совлада Ангола и обезбеди пласман во полуфиналето од предолимпискиот турнир во Каракас, Венецуела.

“Зборнајата“ до триумфот ја предводеа Фридзон со 18 поени, Каун постигна 17, а Кириленко уфрли 14 поени.

Противник на Русија во полуфиналето ќе биде подобриот од дуелот Грција – Нигерија.

Македонија четвртфиналниот меч го игра во 23.30 минути против Доминикана.

М.П.