Женската репрезентација на Русија е старо-нов светски шампион, откако попладнево во финалето во Париз ја совлада репрезентацијата на Норвешка со 29:24.

Русинките имаа предност во текот на целиот натпревар, на полувреме +4, а на крајот со највисоката предност на натпреварот го добија финалниот меч против европскиот првак Норвешка.

Русинките во одбраната на титулата започнаа неуверливо против Македонија, не блескааа во осминафиналната група, се провлекоја против Унгарија во четвртфиналето кога на 6 минути до крајот губеа со 4 разлика, но затоа беа убедливи кога беше најпотребно, во полуфиналето против Романија +10 и во финалето против Норвешка +5.

На норвежанките кои никако да стигнат до мундијалската титула, иако важеа за фаворит број еден, мала утеха им е тоа што нивниот бек Ниберг е избрана за МВП на првенството.

Г. Момироски