Додека го чекаа доаѓањето на американскиот претседател Џо Бајден и другите светски лидери во Мадрид вчера, официјалните лица и новинарите имаа можност да пробаат и руска салата во ресторанот задолжен за овогодишниот Самит на НАТО… Многумина беа изненадени и прилично збунети од понудата.
Руска салата на Самитот на НАТО? Малку сум изненаден од ваквиот избор на јадење!, изјави новинарот Инаки Лопез за шпански „Ла секста“.

Но, и покрај сѐ, руската салата наводно била распродадена за неколку часа.
Сепак, „фората“ е во тоа што Хозе Андрес, познатиот шпански готвач кој е задолжен за менито, го преименуваше јадењето во – „украинска салата“, како и во неговите други ресторани ширум Шпанија.
Ohri












