Јапонската армија соопшти дека четири руски амфибиски бродови денеска минале низ теснецот Цугару што ги раздвојува островите Хоншу и Хокаидо на северот од Јапонија, пловејќи во насока запад.

Јапонското Министерство за одбрана објави фотографии на амфибиските транспортери, со појаснување дека се работи за пловила што вообичаено се користат за искрцување извидувачки и десантни сили, На фотографиите се забележува дека бродовите се натоварени со воени камиони.

Не знаеме каде се упатени, но насоката на нивното движење остава можност да пловат кон Украина, изјави портпаролот на јапонското Министерство за одбрана.

Тој уште нагласува дека е невообичаено руски бродови да пловат толку блиску до јапонското копно. Инаку, теснецот Цугару е на 700 километри оддалеченост од источниот руски град Владивосток.

OhridNews