Четиринаесет новинари од највлијателните медиуми од Руската Федерација деновиве ќе дојдат во  Охрид како дел од организираната посета на Македонија. Во нашата земја тие доаѓаат на покана на Славјанскиот институт „Г.Р. Державин“ од Свети Николе, на Тамбовскиот универзитет од Русија и на Амбасадата на Руската Федерација во нашата земја.

Според најавите на организаторите, помеѓу новинарите ќе има претставници на весниците ,,Комерсант”, ,,Рускаја Газета” и неделникот ,,Компанија”, од државниот руски канал ,,Русија 1”, од телевизија ,,МИР” и од агенцијата ,,РИА Новости”.

Покрај Охрид, руските новинари ќе ja посетат винарницата ,,Имако” во Штип, рудникот ,,Бучим” кај Радовиш, кој има руски инвеститор и  Лесновскиот манастир.

Предвидени се средби и интервјуа со претставници на Владата, а новинарите ќе подготват и повеќе прилози за образованието, за природните убавини на Македонија и нашите најпознати туристички дестинации, за економските можности и за руските инвестиции кај нас. Се очекува руските новинари да бидат примени и од претседателот Ѓорге Иванов.

OhridNews