“Збронајата“ одлично влезе во мечот, доминираше и по првите 45 минути имаше комотна предност од 2-0 со головите на Џагоев во 15 и Широков во 24 минута.
На стартот на вториот дел, чесите намалија на 2-1 преку Пилар, но тоа беше се што успеаа да направат. Во финишот на мечот, уште еднаш погоди Џагоев, а победата ја потврди Пављученко.
По ремито 1-1 во првиот меч, меѓу Полска и Грција, Русија е прва на табелата во А групата.
Во наредната рунда се среќаваат : Полска – Русија, Грција – Чешка.