Рускиот тенисер Андре Рубљов приреди сензација во третата рунда од мастерс турнирот во Синсинати победувајќи го Рожер Федерер во два сетови. Рубљов за нешто повеќе од еден час го преслуша Швајцарецот кој немаше одгоговор за расположениот противник.

После завршувањето на натпреварот емоциите го совладаа рускиот тенисер кој со солзи во очите ја прослави големата победа и пласман во четвртата рунда.

OhridNews