Младо момче, турист од Русија, синоќа било претепано во Охрид, дознава OhridNews.

Момчето го нападнала непозната група, при што, неофицијално, му били одземени лични работи и одредена сума пари. 
Претепаното момче како лежи на земја го забалежал граѓанин кој го пренел повредениот до општата болница каде е задржан на лекување.
Повеќе информации за немилиот настан се очекува да соопшти полицијата која работи на расветлување на инцидентот.
OhridNews