Руското министерство за одбрана ги пролонгира тестирањата на амбициозно најавуваниот супер воен авион на иднината „Сухој Т50“.

Авионот од петтата генерација Сухој има проблеми со имплементација на предвидените технолошки новитети кои треба да направат супериорен во воздухот. Во новото летало се’ уште не се користат новите системи кои русите специјално ги развиваат, за што до сега се потрошени 10 милијарди долари.

Ова речиси не е ништо во споредба со САД кои потрошија 400 милијарди долари на борбениот авион F-35, со таа разлика што руската економија е многу послаба од американската, а воениот буџет на Москва неколкукратно помал, посочуваат стручњаците. Дополнително САД склучија договори за испорака на нивниот најнов борбен авион со 10 држави, а дел од нив веќе се испорачани.

Последен во низата проблеми се моторите на новиот Сухој, чие тестирање е пролонгирано за 2018 година.

OhridNews