Со голем концерт на еден од најдобрите светски оркестри – Рускиот национален оркестар, во кој солист ќе биде македонскиот пијанист Симон Трпчевски, ќе биде означен почетокот на 50-тото издание на Охридско лето.

Диригент ќе биде славниот маестро Михаил Плетњов. Целиот настан ќе биде осмислен и режиран од познатиот македонски режисер кој долго време живее и работи во Москва, Иван Поповски и од неговата соработничка Зоја Бузалковска. Концертот на 12 јули на Античкиот театар, се најавува како единствено музичко-сценско доживување. Рускиот национален оркестар во Охрид доаѓа со 102 музичари.

OhridNews