За време на тридневната посета на Албанија, денеска во Тирана рускиот патријарх Кирил имаше средби со претседателот Илир Мета и премиерот Еди Рама. На средбата со албанскиот претседател Мета искажано е заедничко задоволство од посетата на рускиот патријарх Кирил на Албанија, како и добрата соработка со албанската афтокефална првославна црква.

Мета, според неговиот Кабинет, нагласил дека хармонијата помеѓу верските заедници е многу битна и додал дека во Албанија таа хармонија е на ниво. Патријархот Кирил изразил задоволство од добрата соработка со албанската автокеална црква, која имала многу проблеми во минатиот систем. Албанскиот премиер Еди Рама на средбата со патријархот Кирил нагласил дека посетата на патријархот Кирил се совпаѓа со 110-годишнината од основањето на албанста автокефална црква.

Патријархот Кирил нагласи дека тој пред 15 години бил во Тирана, но не во својство на патријарх, туку како преставник на руската црква и притоа додаде дека тогаш Рама бил градоначалник на Тирана. Патријархот Кирил го пофали Рама за развојот на Тирана за која рече дека е убав град.

Рускиот патријарх денеска ја завршува својата тридневна посета, која беше по покана на поглаварот на албанската автокефална црква, Анастас Јанулатос, кој посетата на Кирил ја нарече историска. Покрај средбите во албанската црква со Јанулатос, учествуваше и на богослужби во Тирана и во некои други градови на Албанија.

OhridNews
Макфакс