Во рамки на посетата, предвидено е во Охрид, Лавров да се сретне со македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски, а ќе оствари средба и со премиерот Никола Груевски во владината вила во Охрид.
Во претседателската вила “Билјана”, по остварените средби со Милошоски и премиерот Груевски, Претседателот Ѓорге Иванов за Лавров и руската делегација ќе организира ручек.
Шефот на руската дипломатија ќе посети и дел од културно-историските знаменитости на Охрид, меѓу кои црквата Св. Богородица Перивлепта, Галеријата на икони и црквата Света Софија.