Хотелските капацитети долж охридската ривиера ќе прифатат бегалци од Украини доколку се појави потреба, а руско-украинската воена состојба ќе се одрази и врз туризмот.
Претседателот на ХОТАМ, Крсте Блажевски вели дека воената состојба во Украина секако дека ќе се одрази не само на бројот на туристи кои би дошле или не би дошле од овие држави, туку и врз веќе намалената куповната моќ кај народот од енергетска криза, па се се плаќа многу повеќе по 2 по 3 пати повеќе од реалното што чини. Многу е тешко за нас, вели Блажески, да направиме цени со кои би можеле да бидеме атрактивни, да направиме обрт и да плаќаме и минимални плати и скапа струја и скапи производи.
Секако производот дека ќе биде многу поскапен од минатите години. Со тоа секој турист кој би излегол од својата држава би направил одмор наместо од 15-20 дена некои 5 дена, ако воопшто би дошле. Имаше јавувања односно интерес од украински и руски тур оператори со оглед дека имаме и лет од Русија. За почеток беа на добро ниво, но со збиднувањата сега се затворни, не се знае што ќе биде понатаму. Се надеваме на добар компромис и разум кај сите големи сили да можат ова да го решат што побрзо и да одиме понатаму, вели Блажевски.

Градоначалникот Кирил Пецаков со став дека ако се побара од нас како држава, односо конкретно за градот Охрид секако дека ќе се пружи рака за сите бегалци од Украина.
Во принцип го почитуваме територијалниот интегритет на Украина и ова треба да се реши на мирен начин со преговори, зошто војна во никој случај не е решение, рече Пецаков.
Климент Наумов, претседател на Здружението на туристички водичи „Кеј“ вели дека Украинците како туристи биле присутни во Охрид дирекно во договор со локални туристички агенции, но и преку туристички агенции од регионот, меѓу нив и од Албанија.
Да се надеваме дека проблемот нема да ексалира и брзо ќе дојде до примирје, бидејќи ако екалира последиците би биле незамисливи иако се наоѓаме многу далеку ќе бидеме дирекно тангирани односно ќе се соочуваме со дополнителни загуби. Доколку се подаде рака ќе се најде решение за бегалците кои ако дојде во ситуација ќе треба да бидат прифатени, додаде Наумов.
OhridNews













