Последното остварување на Вим Вендерс „Сѐ ќе биде во ред“, кој премиерно беше прикажан на штотуку завршниот Фестивал на Eвропскиот филм „Синедејс“ од следнава недела ќе се прикажува во НУЦК “Григор Прличев”-Охрид.

Кино проекци ќе има во деновите 15-ти, 16-ти и 17-ти декември, со почетокот во20.00 часот, а влезот чини 100 денари.

Филмот внимателно и точно ја раскажува приказната за вината и потрагата по прошка, и за фактот дека не лечи времето, туку храброста да се соочиме со нештата и да простиме. Посебно самите себеси. Ова е приказна за еден писател, кој по кавгата со девојка му, бесцелно вози, и случајно ќе прегази дете и ќе го убие. Несреќата и последиците од неа оставаат длабоки трауми кај него. Во текот на следните 12 години тој страда, обидувајќи се да пронајде смисла во тоа што се случило и да продолжи со животот, но секој пат кога ќе се погледне во огледалото, тој гледа убиец…

OhridNews